Како функционира рубиковата коцка?

Сите некогаш сме држеле во рака рубикова коцка и сме се обидувале да ја наместиме. Но, како навистина фукционира оваа „магична“ коцка?

Рубиковата коцка е всушност 3D сложувалка. Измислена е во 1974 година од страна на еден унгарски вајар и професор по архитектура, по име Ерне Рубик. Тој првично ја нарекол магична коцна и како таква ја патентирал. Шест години подоцна иновацијата ѝ ја продал на американската компанија за играчки Ideal Toy кои веднаш одлучиле да ѝ го променат името во рубикова коцка.

Коцката на Рубик во стандардизираната и најчестата форма е 3×3×3 покриена со девет налепници во шест различни бои. Кога загатката е решена, лицето на секоја страна од коцката е во една боја.

До ден денес таа е најпродаваната играчка во светот, а постојат и различни варијанти со повеќе или помалку полиња.

Коцката фукционира со механизам кој вклучува 6 главни коцки на средината кои се фиксни, не ја менуваат положбата и на секоја од нив има само една налепница. Има 12 коцки кои имаат по две налепници, како и 8 со по три налепници - тоа се оние на ќошевите.

Загатката на рубиковата коцна човек може да ја реши, но постои и шема според која доколку ги следите чекорите може без голем напор и мислење да дојдете до конечното решение.

Се организираат дури и натпревари во брзина на решавање на рубикова коцка, а моментално светскиот рекорд го држи Кинезот Јушен Ду кому во 2018 му беа потребни само 3,47 секунди за да ја намести. Тој засега е единствен кој успеал да ја намести за помалку од 4 секунди.

Remote video URL
реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе