Како изгледа новиот кампус на Apple од 5 милијарди долари
Најголемото достигнување на технолошката компанија Apple годинава не се новиот iPhone или iPad, туку новиот кампус Apple Park во Калифорнија што изгледа како вселенски брод и чини повеќе од 5 милијарди долари.
Apple уште во февруари најави дека во април ќе го отвори деловниот дел од Apple Park и ќе почне да вработува персонал. Покрај деловниот сектор, ќе има и центар за посетители со продавници и кафулиња, но уште не е познат точниот датум на отворање.