Како изгледа поправка на огромните гуми вредни 28.000 евра?
Менувањето на гума знае да биде лесно ако имате стандардно возило, но нештата се многу покомплицирани за работниците кои возат индустриски возила кои што имаат огромни гуми, чија цена достигнува и до 28.000 евра.
Овие огромни гуми само по себе изгледаат застрашувачки, а процесот на замена или поправка на една ваква гума, уште повеќе.
Германската компанија REMA TIP TOP специјализира во производство и одржување на опрема за огромните индустриски гуми. Ова видео на компанијата го покажува тешкиот, долготраен и комплициран процес на поправка на една ваква гума.