ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Како изгледаше најлудата група во историјата на Светските првенства?

Аргентина и Полска вчера им се приклучија на Франција и Австралија во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Франција загуби од Тунис со 1:0, но претходно обезбеди премин, додека Австралија со голот на Леки ја изненади Данска со 1:0 и влезе во второто коло како второпласирана. Но, Аргентина и Полска по многу поголема драма поминаа од групата во која беа и Мексико и Саудиска Арабија. Аргентина ја победи Полска со 2:0, но и покрај поразот, Полјаците се пласираа во осминафиналето бидејќи Мексико ја победи Саудиска Арабија со 2:1.

Полска загуби од Аргентина со 2:0 во судиското продолжение, а Мексико влезе во судиското надополнување со водство од 2:0 против Саудијците. Во тој момент Полска и Мексико беа целосно изедначени со четири бода, гол разлика 2:2, исто толку постигнати голови и нерешен резултат.

Одлучувачки критериум во тој момент беше фер-плејот, во кој Полска беше многу подобра со четири поени негатива (четири жолти картони) наспроти седумте негатива или седум жолти картони на Мексико. Мексико бркаше трет гол, но во петтата од шест минути судиско продолжение прими гол за 2:1. Да го дадеше третиот гол ќе минеше поради бројот на постигнати голови, но тоа не се случи.

Епската група на СП 1994 година

Беше тоа драматично разоткривање на групата, но ни приближно драматично како расплетот на групата Е на Светското првенство во 1994 година, која остана првата и единствена група во историјата на Светските првенства во која сите селекции имаа ист број на бодови.

Во таа група во 1994 година играа Мексико, Ирска, Италија и Норвешка. Сите четири селекции завршија со победа, реми и пораз, но Мексико беше прво со гол разлика 3:3, односно со најмногу постигнати голови. Ирска и Италија беа втори и трети со гол разлика 2:2, но Ирска беше пред Италија бидејќи ја победи со 1:0, што беше единствениот пораз на Италија во регуларното време на турнирот.

Понатаму отидоа и третопласираните екипи

Норвешка заврши на последното место со само еден постигнат гол, а тоа беше турнир на кој во осминафинале одеа првите две екипи од секоја од шесте групи (сега се осум) и четирите најдобри третопласирани репрезентации, меѓу кои се напика и Италија.

Мексико и Ирска беа елиминирани во осминафиналето, а Италија во финалето стигна со победи од 2:1 против Нигерија, Шпанија и Бугарија. Во финалето Италијанците загубија од Бразил кој победи на пенали со 3:2. По 120 минути немаше голови.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе