Како Марс останал без вода?

Во атмосферата на Марс постои дупка која се отвора на секои две години и низ неа минуваат резервите вода од оваа планета.  Ова објаснување го објави тим руски и германски научници кои го проучуваат чудното однесување на водата на Црвената планета.

Научниците воочиле дека постојат многу испарувања во атмосферата на Марс и дека таа вода мигрира на половите на планетата. Досега немало друго добро објаснување како циклусот на вода функционира на Марс или зошто некогаш поплавената планета сега е сува. Присуството на вода над Марс е необично, бидејќи средниот слој на атмосферата изгледа како да би требало да го прекине текот на водениот циклус на Марс.

„Средниот слој на атмосферата на Марс е премногу студен за да го издржи испарувањето на водата“, стои во студијата.

Како тогаш водата минува низ тој среден слој? Одговорот што научниците го добија од компјутерските симулации има врска со два атмосферски процеси, уникатни за Марс. На Земјата летото во северната хемисфера и во јужната хемисфера е слично. Тоа не е така на Марс. Поради тоа што орбитата на Марс е многу повеќе ексцентрична отколку орбитата на Земјата, исто така е и поблиску до Сонцето во текот на летото на јужната хемисфера. Тоа се случува на секои две години. Летата во тој дел на планетата се многу потопли отколку летата во северната хемисфера. Судејќи според истражувачките симулации во атмосферата на Марс се отвора дупка на висина меѓу 60 и 90 километри. Оваа дупка дозволува водата да побегне во горната атмосфера.

Марс е поинаков и поради песочните бури. Овие бури ја ладат површината блокирајќи ја светлината. Светлината која не достига на површината на Марс се заглавува во атмосферата, се загрева и создава поволни услови за испарување на водата.

„Ова би можело да биде приказната за тоа како некогаш поплавениот Марс останал сув во текот на моменталната епоха“, велат научниците во студијата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе