Како нашиот мозок ја процесира пандемијата со COVID-19?
Пандемијата често се опишува како „невидливиот непријател“. Но, пандемијата на COVID-19 со која се соочуваме за многу луѓе е реална, опиплива и видлива. Наплив на вести, самоизолација, губење на работното место и приходите, заразување со коронавирусот, па и самиот страв од него, се само дел од елементите на пандемијата кои се одразуваат на нашето ментално здравје.
Како човечкиот мозок реагира на пандемијата и како ја процесира?