Како неандерталците ги ловеле пештерските мечки?

Марко Пересани од Универзитетот Ферарa во Италија анализирал над 1.700 коски од мечки пронајдени во пештерите Рио Секо и Фомане во северна Италија. Многу од нив имале траги од сечење, а покрај нив биле пронајдени стотици камени алатки.

Студијата е објавена во Journal of Archaeological Science.

„Овие пештерски мечки биле ловени и убивани од неандерталците“, вели Пересани, кој додава дека нападите веројатно се случувале на пролет кога животните биле најранливи. Веднаш по периодот на хибернација и кога женките раѓале младенчиња и биле немоќни за да се одбранат.

Меѓу коските и фосилите има остатоци на возрасни мечки и младенчиња, како и на фетуси. Остатоци од пештерски мечки биле раширни низ цела Европа, а во средниот век често ги нарекувале змејови коски.

Пересани смета дека примарна цел на неандерталците било мечкиното крзно. Но, тие искористувале сè од својот лов, бидејќи на некои коски се откриени траги од гризење во склад со неандерталските заби. Веројатно ги користеле и пештерите кои останале без станари за свое привремено сместување.

Европските пештерски мечки успеале да ги преживеат нападите, но не се спасиле од климатските промени. Видот е изумрен пред 27.8000 години, во текот на последното ледено доба кога промените во температурата значително ја ограничиле количината на храната.

Тие се првите мегацицачи кои изумреле, а по нив следеле волнестите мамути и пештерските лавови, пишува IFLScience.

реклама

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе