Како од „Back to the Future“: Nike претстави патика која сама се врзува и се адаптира на ногата

Уште откако Мајкл Џ. Фокс се појави во „Back to the Future“ со патики кои се врзуваат самите, целиот свет почна да сонува дека тоа еден ден ваквата технологија ќе стане реалност. Сега, скоро 35 години подоцна, Nike го претстави моделот Adapt BB, патика која самата се врзува и се адаптира на ногата.

Пред неколку години Nike претстави модел-копија на патиките од „Back to the Future“, но тие беа прескапи за комерцијалниот пазар. Но, напредокот на технологијата и константниот труд на вработените во оваа американска компанија резултираа во Adapt BB – првиот комерцијален „паметен“ пар патики.

Кратенката BB во името на моделот означува „basketball“ (кошарка). Иако ќе бидат достапни на пазарот за секого, тие се наменети примарно за кошаркари. Во патиките има вметнато паметни сензори кои ќе му помогнат на оној кој ги носи на еден уникатен начин. Од Nike се потрудија да направат патика која не само што нема потреба физички да се врзува, туку која самата препознава кога врвките треба да се олабават и кога да се затегнат, со цел да му се овозможи максимална удобност на оној кој ја носи.

„За време на еден натпревар, стапалото на кошаркарот може да се издолжи скоро до половина број. Удобноста на патиката на почетокот на натпреварот е различна од онаа 24 минути подоцна. Поради потребите на различните движења и моменти на теренот, ‘совршениот фит’ не е дефинитивен термин“, стои во пишаното соопштение на Nike.

Nike Adapt BB се опремени со посебни мотори и сензори кои ја детектираат тензијата која му е потребна на стапалото, за да се приспособат на ногата и да ја држат патиката стегната кога ногата е во движење или олабавена кога ногата мирува.

Купувачите ќе можат да ја користат FitAdapt технологијата преку смартфон апликација за да вметнат свои нагодувања за да ја приспособат патиката на сопствената нога и нивните потреби. Апликацијата е достапна за iOS и Android.

Како што можете да видите од инфографикот погоре, Adapt BB е патика која ќе обезбеди максимален перформанс за кошаркарите. Технологијата за автоматско врзување и адаптирање на патиката не е само маркетиншки трик кој ќе направи да изгледате кул како Марти Мекфлај, туку таа е наменета за да им помогне на професионалците за време на натпреварите.

Продажбата на Nike Adapt BB ќе започне веќе од следниот месец – премиерата е најавена за 16 февруари. Според најавите, цената би требало да биде 350 долари за еден пар. Nike најави дека во иднина истата оваа технологија ќе биде достапна на многу повеќе производи од компанијата.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе