Како звучи музиката од „Game of Thrones“ отсвирена на дигитрони?
Најавната песна од серијата „Game of Thrones“ е доволно комплицирана за свирење сама по себе, но ете, на некого му текнало да ја отсвири истата на четири дигитрони. Потфат кој можеби не е многу потребен, но бара сериозни вештини.
YouTube каналот It’s a small world редовно изведува песни на дигитрон, а досега беше популарен по изведбите на музиката од „Star Wars“ и „Pirates of the Caribbean“.
Сега, популарноста на серијата ја испровоцира девојката која стои зад каналот да ја отсвири најавната песна од „Game of Thrones“. Импресивен потфат, навистина, посебно ако се земе во предвид дека за многумина изведбата на оваа песна е тешка дури и на обичен музички инструмент.