Какви подароци добива Путин за роденден?

Путин денеска го слави својот јубилеен 70-ти роденден. На подарок најчесто добива книги, но една година се изненади кога му поклонија еротски календар.

Владимир Путин денеска го слави својот 70-ти роденден и ќе го помине напорно. За денеска се договорени неколку состаноци и меѓународни видео-повици, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Кога станува збор за подароци, Путин најчесто добива книги, пренесува Известия (iz.ru). За еден роденден ја доби книгата „100 вицови за Путин“. Потоа рече дека го цени добриот хумор и дека целата ќе ја прочита.

Во 2009 година Путин доби и цела збирка книги: рускиот претседател го прослави својот 57 роденден во кругот на писатели и публицисти, а во 2012 година од Дмитриј Медведев доби античко издание на Царското село од 1910 година. Во претседателската библиотека во Кремљ, каде се чуваат подароците, денеска има околу 13.000 книги, од кои најголем дел му биле подарени на Путин, додека дел на Медведев и Елцин.

Според Известия, еден од „позачинетите“ подароци што наводно за роденден ги добил Путин е еротски календар со фотографии во долна облека кои специјално за него ги направиле студенти по новинарство од Москва.

Вреди да се напомене дека Путин ретко успева да го прослави роденденот на вообичаен начин како обичните луѓе, пишува овој портал, наведувајќи ретки примери на „вообичаени родендени“ на Путин.

Останува да видиме дали Путин во наредните денови ќе открие какви поклони добил денеска по повод овој јубилеен роденден.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе