Какви промени ќе ви се случат ако престанете да пиете млеко?

Без разлика дали сакате или не сакате да пиете кравјо млеко, факт е дека тоа не е нужно за здрав начин за исхрана.

Но, ако одлучите целосно да го исфрлите од исхраната, мора да знаете дека тоа може да доведе до одредени ефекти на умот и на телото.

Подобрување на кожата

Многумина консумираат млечни производи во текот на целиот живот, без да знаат дека можат да имаат интолеранција на нив. Откако ќе се откажете од млекото, а страдате од интолеранција, ќе увидите подобрувања на кожата, помалку акни или егземи. Најчесто виновни за тоа се разните хормони во кравјото млеко.

Може да ви ослабат коските

Ако го исфрлите кравјото млеко, а не добивате калциум од други извори, тоа може да доведе во покршливи коски кај некои луѓе.

Поздрави црева

Исклучувањето на млекото од исхраната може да помогне во решавање на многу дигестивни проблеми и да го поддржи здравјето на цревата. Исто така, може да имате помалку гасови и надуеност по целото телото.

Можни проблеми со имунитетот

Млекото нема во целост да излекува ниту една болест, но може да биде корисно за функционалност и способност на имунитетот. Млечните производи содржат клучни количини витамин Б12, неопходен за поттикнување на силен имунолошки систем.

Помалку промени на расположението

Во една просечна чаша млеко има дури шеесетина различни хормони, смета д-р Марк Химан. Поради хормоните во кравјото млеко, редовното пиење може да ги зголеми природните хормони кои постојат во вашето тело и на крајот да предизвикаат промени во расположението. Може да доведе до драстично нарушување на рамнотежата на хормони како естроген и тестостерон, пишува Eat This, Not That.

Тагови
реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе