Калинка - овошје кое многумина го избегнуваат, а е исклучително здраво

Во древната историја многу овошја се сметале за локовити, а за некои слободно можеме да кажеме дека луѓето особено ги почитувале. Едно од таквите е калинката, некогаш сметано за свето овошје кое нудело куп витамини и плодност. И ден денес е познато како овошје кое има бројни здравствени придобивки за нашиот организам.

Goodhousekeeping.com го пренесува истражувањето на нутриционист кој тврди декла калинката е богата со полифеноли, антиоксиданси кои се борат против нестабилните молекули кои можат да ги оштетат нашите клетки. Содржи и антоцијанини кои освен што на калинката ѝ даваат црвена боја, помагаат и за намалување на крвниот притисок и даваат превенција од рак.

Исто така, со консумација на калинка внесувате барем 4 грама влакна по порција, наведува американското Министерство за земјоделство. Тоа е речиси 15% од препорачаната дневна вредност на влакна за возрасни и отприлика половина шолја од ова божествено овошје.

Калинката е одличен извор на витамин Ц. И да изедете само половина шолја со зрнца од калинка ќе си обезбедите внес на околу 9 милиграми витамин Ц, што е приближно 10% од препорачаната дневна вредност за возрасни. Во исто толкава порција калинка ќе добиете 205 милиграми калиум, додека неговиот сок има речиси 533 милиграми калиум по шолја.

Истражувањата покажаа дека редовното консумирање свежа калинка или сок од калинка помага за намалување на воспаленија кои им претходат на срцевите болести и дијабетес. Исто така, го намалува крвниот притисок и превенира врак, а ги намалува и воспаленијата во телото. Редовното консумирање сок од калинка е исклучително добро за намалување на крвниот притисок и особено им се препорачува на луѓе со срцеви болести кои треба да пијат по една чаша сок дневно.

Секој ден е време за калинка

Калинката е фантастична и за здравјето на бубрезите. Имено, калинката може да помогне во превенција и лечење на камен во бубрег бидејќи содржи антиоксидативни прехранбени филофеноли, за кои е потврдено дека се ефикасни во превенцијата на создавање камен во бубрег, покажаа разните истражувања.

Според тоа, бидејќи ни доаѓа ладното време, а грижата за здравјето во тој период од годината е исклучително важна. Затоа одберете калинка, која може да ви помогне во превенцијата од разни здравствени проблеми.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе