Капело: Има само тројца фудбалски генијалци, Роналдо не е еден од нив

Славниот италијански тренер Фабио Капело во моментов е невработен и вишокот слободно време го поминува како гостин во ТВ-емисии во кои зборува за фудбал.

Кристијано Роналдо во вторникот сам го разби Атлетико Мадрид и го донесе Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампиони за оваа сезона. Цел свет му се поклони на неверојатниот Португалец, но претставата на Роналдо се чини не го импресионираше италијанскиот стручњак.

„Роналдо е извонреден фудбалер, но генијалецот е Меси. Во фудбалот има само тројца генијалци – Пеле, Марадона и Меси. Роналдо е исклучително силен, со него може да се освои сѐ, но Меси е генијалец и нешто сосема поразлично“, рече Капело за Sky Sports.

„Пред 20 години ги правеше истите работи како и денес бидејќи е роден генијалец. Тој измислува работи што другите не ги гледаат. Роналдо од себе си направи првак, но не и генијалец“, продолжи Капело со пофалбите за Аргентинецот.

Капело со Милан во 1994 година ја освои ЛШ, но за него може да се рече дека е легенда на Јувентус. За „старата дама“ има играно цели шест години (три титули првак), а како тренер ги донесе до две титули, кои подоцна му беа одземени на Јувентус поради аферата Калчополи.

реклама

Сведоци на Илинденското востание: Каква Бугарија, рече Питу Гули, за Македонија излеговме!

Read more

Поради неисплатени плати работник во Германија сруши половина зграда

Read more

Пожарот кај Кочани локализиран и ставен под контрола

Read more

Љетив на кров – BMW издание

Read more

Фудбал

Кејн не се појави на подготовки со Тотенхем, сака да го продадат

Read more

Sky Sports: Договорен најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Read more

Загинаа млад фудбалер на Ајакс и брат му

Read more

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Ѓока

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Олимпискиот шампион снимен како плете на трибините во Токио

Читај повеќе

Кејн не се појави на подготовки со Тотенхем, сака да го продадат

Читај повеќе

Србите обвинуваат: Црногорските ватерполисти намерно загубија

Читај повеќе

Sky Sports: Договорен најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Читај повеќе

Ѓоковиќ не се откажува: Сака да игра за Србија на Олимпијадата во 2024

Читај повеќе

Симон Бајлс: Не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место

Читај повеќе
  • play_arrow

Италијанецот Џејкобс победник на 100 метри со нов европски рекорд

Читај повеќе
  • filter

За ова гледаме Олимпијада: Со договор, две злата за скок во височина

Читај повеќе

Прв светски рекорд во атлетика на годинашната Олимпијада

Читај повеќе