Кардула: Лицата со нетипичен развој заборавени на приоритетната листа за вакцинација

Александра Спасеска
/ 15.04.2021 / 09:41

Вакцинацијата против COVID-19 засега се одвива успешно, според проценките на здравствените власти.

Надлежните сметаат дека мерките даваат резултат, па така, има благо намалување на бројот на новозаболени од COVID-19 во земјава. Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје вчера заврши вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура. Досега се вакцинирани близу 30.000 граѓани.

Како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, од денеска ќе може да се вакцинираат граѓаните на возраст под 75 години, кои се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари, и тие ќе добијат термини за вакцинирање во Скопје.

Во врска со приоритетната листа за вакцинација, преку социјалните мрежи се огласи нашиот познат графички дизајнер Зоран Кардула, кој е родител на дете со нетипичен развој.

Тој смета дека покрај здравствените работници, и хронично болните од сите старосни групи требаше да бидат на приоритетната листа.

„Секако дека сите треба да имаме можност што поскоро да се вакцинираме и да се заштитиме. Јас како родител на дете со нетипичен развој мислам дека лицата од оваа категорија како и нивните родители/старатели исто така требаше да се високо на приоритетната листа. Ова можеби звучи себично затоа што и јас спаѓам во оваа категорија и затоа сакам да го образложам. Доколку едно лице/дете со аутизам биде позитивно и треба да се хоспитализира тоа автоматско значи и дека еден родител треба да го придружува. Доколку пак родителот биде позитивен тоа значи дека лицето/детето треба да биде во изолација, а за секој кој и малку знае за аутизмот знае какво е негативното влијание од тоа. Тие често се невербални и не се во состојба да објаснат промена во својата здравствена состојба која може да укажува на симптоми на COVID-19 и со тоа лесно да се преносители без свое знаење. Овие лица најчесто не се самостојни и функционални и се зависни од своите родители, браќа и сестри“, образложува Кардула.

Тој понатаму укажува дека во многу земји во светот беше посочено дека лицата со Даунов синдром треба да се на високо место на приоритетната листа поради можните фатални последици од COVID-19, со оглед на нивното здравје.

„Истото важи и за лицата со церебрална парализа или друга состојба поради која се во количка. Да ги спомнам и самохраните родители на овие деца. Кој ќе се грижи за децата додека родителот е позитивен и има потреба од хоспитализација на пример? Има уште многу аспекти, но за едно општество кое сака да покаже и докаже дека се грижи за своите немоќни граѓани ова е доволно. Покрај дискриминацијата и стигматизацијата која ја живеат овие лица за промена може да покажеме дека заложбата за остварување на нивните права и инклузија во општеството не се само празни зборови“, додава Кардула и на крај апелира до Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да ги разгледа неговите сугестии.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе