Карим Бензема го тужи францускиот министер за полиција

Францускиот фудбалер Карим Бензема поднесе тужба за клевета против францускиот министер за внатрешни работи кој го обвини за врски со Муслиманското братство.

Жералд Дарманин во октомври изјави дека Бензема „има врска“ со исламистичката група.

Адвокатот на Бензема тврди дека Дарманин со тој коментар ја „поткопал“ честа и угледот на фудбалерот. Муслиманското братство е забрането во неколку земји, вклучувајќи ги Египет, Русија и Саудиска Арабија. Коментарот на Дарманин дојде откако Бензема ја изрази својата поддршка за луѓето во Газа како „жртви на неправедно бомбардирање што не штеди ниту жени, ниту деца“.

Истакнувајќи дека не изразил слично сочувство за околу 1.300 израелски жртви убиени од Хамас на 7 октомври, Дарманин рече дека францускиот напаѓач е „добро познат по неговите врски со Муслиманското братство“, објави BBC.

„Ме користат во политички игри“

„Ние се бориме против злото на Муслиманското братство, што создава атмосфера на џихадизам“, изјави политичарот за конзервативниот ТВ-канал CNews.

Бензема (36), кој игра во Саудиска Арабија и е муслиман, брзо ги негираше тврдењата на министерот и се закани со правна постапка.

Во својата жалба на 92 страници, за која вчера нашироко беше објавена во француските медиуми, Бензема вели дека „никогаш немал ни најмала врска со организацијата Муслиманско братство и, колку што знае, немал врска со некој што тврди дека е член од него“.

„Свесен сум до кој степен, поради мојата озлогласеност, ме искористуваат во политички игри, кои се уште поскандалозни со оглед на тоа што драматичните настани по 7 октомври заслужуваат нешто сосема поинакво од таквите изјави“, нагласи поранешната ѕвезда на Реал Мадрид.

Муслиманското братство е основано пред околу 80 години

Неговиот адвокат Хјуг Вижие изјави за француски RTL дека фудбалерот бил жртва на „политичка експлоатација“ и го обвини министерот за внатрешни работи дека „сее поделби во Франција“.

Дарманин сè уште не ја коментирал тужбата.

Министерот претходно го нападна Бензема поради други причини, вклучувајќи го и неговото одбивање да ја пее француската химна. Инаку, Муслиманското братство е основано пред приближно 80 години во Египет.

Тоа е првенствено идеолошко движење без формална структура и, иако е забрането во многу земји, не е ограничено во поголемиот дел од Европската унија.

Влијанието на групата во Европа главно се гледа преку параван организации кои водат кампања за исламски цели, како што е правото на жените да носат хиџаб.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе