Карло Алвино: Елмас е десетпати подобар од Фратези, но е страшно потценет

Филип Здравески
/ 08.07.2023 / 12:36

Италијанскиот новинар ја разбранува фудбалската јавност на Чизмата со изјавата дека македонскиот репрезентативец е десетпати подобар од италијанскиот бисер Давиде Фратези.

Многу фама се крена на почетокот од летниот преоден рок откако пола калчо гиганти се тепаа за потписот на Давиде Фратези. 23-годишниот играч од средниот ред деновиве заврши во Интер за 27 милиони евра, најавен како огромно засилување, а тоа го фрапираше новинарот Карло Алвино, кој е и навивач на Наполи каде игра нашиот Елиф Елмас.

„Фратези се претставува како шампион, а реалноста е дека десетмина Фратези технички прават еден Елиф Елмас. Но, проблемот е што Наполи не ужива внимание и не се крева толку високо, па затоа едните поминуваат како шампиони, а другите како да не се шампиони“, рече тој во програмата на најпопуларното неаполско радио Kiss Kiss.

„Моето размислување поаѓа од еден едноставен факт. И двајцата се млади, но Елмас има големо искуство со настапите во Наполи, репрезентацијата и европските купови. И некако вагата е премногу спуштена за Македонецот. Елмас во Наполи одигра одлично и тешко ми е да разберам зашто него го сметаат за никој, а Фратези е шампион“, вели Алвино“, додаде.

„Ама, во Италија број еден спортски директор е Карневали (Џовани Карневали, спортскиот директор на Сасуоло, заб. на авт.), па затоа е вака. Ако некој треба да ги собира почестите, тоа е Џунтоли (Кристиано Џунтоли, довчерашниот спортски директор на Наполи, заб. на авт.), кој 8 години работеше, никој глас не му слушна, но сѐ што се врти околу Наполи едноставно има негативна вредност. Сега отиде во Јувентус, и штом е така, значи дека вреди. Затоа ќе повторам, по која основа Фратези е подобар од Елмас?“.

URL

И Елмас како Фратези има 23 години, а и двајцата во септември ќе наполнат 24. И вредноста според Transfermarkt им е тука некаде - Елмас вреди 26 милиони евра, а Фратези 25. Елмас има освоено по едно Скудедо и Копа Италија, додека Фратези сѐ уште нема трофеј. На репрезентативно ниво неспоредливи се: Елмас има 49 настапи, 11 гола и настап на ЕУРО, а Фратези има само 6 настапи и 1 гол.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе