Саудискиот главен обвинител официјално ги соопшти деталите за смртта на Кашоги. Се бара смртна казна за директните сторители на монструозното убиство.
На прес-конференција во Ријад обвинителството побара смртна казна за пет луѓе вклучени во убиството на новинарот Џамал Кашоги, пренесува CNN. Од вкупно 11 обвинети, петмина се соочуваат со смртна казна, а биле директно вклучени во наредувањето и извршувањето на злосторството.
Главниот обвинител изјави дека Бин Салман не е вмешан во убиството на Кашоги. Личноста која го наредила убиството на новинарот е шефот на преговарачкиот тим испратен во Истанбул, за да го убеди Кашоги да се врати во Саудиска Арабија.
Тој откри и детали за начинот на кој е извршено убиството. Кашоги примил смртоносна инјекција, по што тој починал. Потоа, неговото тело било распарчено и во делови изнесено од конзулатот.