Каталонија на нозе: Илјадници на протест за независнот од Шпанија
Стотици илјади граѓани на Каталонија излегоа на улиците барајќи независност од Шпанија. Демонстрантите излегоа на улица со повици за независнот и за слобода.
Полицијата на Барселона процени дека на протестот учествувале околу милион луѓе, додека организаторите соопштија дека околу 470.000 луѓе се пријавиле за учество преку интернет.
Протестот е организиран скоро година дена по одржувањето референдум. Оттогаш, каталонските лидери и активисти кои го организираа референдумот чекаат судење во затвор или се избегани од земјата.