Католиците во Германија масовно ја напуштаат црквата поради аферите на кардиналите

МИА / КАЈГАНА
/ 24.02.2021 / 10:15

Информатичарите од Окружниот суд во Келн во петокот активирале дополнителни датуми и рокови за напуштање на Католичката црква, по што серверот веднаш „паднал“.

Deutsche Welle пренесува дека сите дополнителни рокови веднаш биле „заграбани“.

Судот во моментов обезбедува 1.000 термини месечно за напуштање на црквата, иако побарувачката за термини на епархиско ниво е многу поголема. Од март минатата година Окружниот суд во Келн сака секој месец да понуди дополнителни 500 термини. Кога се закажува состанок апликантите не треба да наведуваат која црква сакаат да ја напуштат или причините за тоа.

Се претпоставува дека ненадејното регионално зголемување на бројот на лица кои ја напуштаат црквата во Келн е поврзано со скандалот околу кардиналите.

На поглаварот на епископијата во Келн му се забележува за обидот да се прикријат инцидентите на сексуално злоставување во Католичката црква, а конкретната причина е експертизата што кардиналот не сака да ја објави.

Колку и да е забележливо зголемувањето на бројот на луѓе што ја напуштаат Црквата во Келн, овој тренд е присутен и во претходните години низ цела Германија и ги зафаќа и големите христијански цркви: католичката и евангелската.

Во 2019 година повеќе од 250.000 христијани ја напуштија католичката или протестантската црква. Тоа досега беше рекордна година.

Околу половина од луѓето што живеат во Германија сѐ уште се членови на една од овие две цркви.

Застапеност на католичките христијани во Германија
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе