Кавадарчанец за неполни два месеца извршил 19 тешки кражби во Скопје

СВР-Скопје по превземените дополнителни мерки и активности, до надлежното ОЈО поднесе уште две кривични пријави против 21-годишниот О.А. од Кавадарци со привремен престој во Скопје, поради основано сомнение дека извршил уште 19 кривични дела од кои 13 „тешки кражби“ и шест „тешки кражби во обид“.

Кривичните дела пријавениот ги извршил во временскиот период од 06.12.2015 до средината на јануари годинава, притоа осум извршени преку ден, а 11  во ноќните и во раните утрински часови на подрачјата на Аеродром и Центар при што се здобил со противправна имотна корист од околу 507 илјади денари. Од вкупно 19 кривични дела, осум се извршени во деловни простории, 10 во станови и едно во куќа.

Кривичните дела тешки кражби во деловните објекти О.А. ги извршувал на тој начин што со употреба на метална хебла насилно ги кршел влезните врати, а додека пак тешките кражби во становите и куќата ги извршувал на тој начин што со удар со нога насилно ги отворал влезните врати, влегувал внатре вршел претурање и пребарување по собите при што одземал разни предмети: златен накит, техничка стока (лап-топ компјутери, таблети, телевизори, мобилни телефони, фото апарати) и други вредни предмети. Украдениот златен накит го продавал во златара во центарот на Скопје,  дел од украдената техничката стока ја продавал на дивиот пазар на Кале, а додека пак дел ја заменувал за дрога.

Пријавениот е и претходно познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2009 до 2015 година поднесени му се 41 кривична пријава. Исто така пријавениот поседува досие во Гостивар, Струга и Охрид.

реклама

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе