Казнети 459 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, се санкционирани 459 возачи.

Од нив, како што денеска соопштија од МВР, 80 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 205 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 254 надвор од населено место.

На територија на главниот град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 3 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 4 мерки за возење под дејство на алкохол, 3 за нерегистрирани возила, 3 за користење мобилен телефон…

Во Прилеп санкционирани се 18 возачи. Од нив, како што информира МВР, 10 возеле без возачка дозвола, 4 под дејство на алкохол, а останатите четворица се санкционирани за други прекршоци.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово-Скопје-Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се казнети 59 возачи. Од нив, 4 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Хроника

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more
 

Вести

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе