ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ќе има изненадувања во Катар, тврдат експертите

Многу кратките подготовки и неможноста за одигрување на подготвителните натпревари за Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември, се предизвик за сите репрезентации, па експертите предвидуваат дека на овој Мундијал ќе има големи изненадувања.

Последниот меѓународен ФИФА прозорец за сите светски селекции започна во понеделникот, а сред нетипичен и ултрапренатрупан распоред, фудбалскиот свет го чека првиот зимски Мундијал со многу големи непознати.

Помеѓу последниот викенд од националните првенства на 12 и 13 ноември и на отворањето Катар - Еквадор в недела на 20 ноември, репрезентациите ќе имаат само една недела за подготовка, во споредба со три недели во еден месец пред секое големо натпреварување.

„Селекторите ќе мора да се помират со тоа и да се молат“, резимира Николас Дион за AFP, фитнес тренер кој работел за Ница, Рен и Сент Етјен, кој верува дека физичката форма на играчите ќе биде во рацете на секој клуб. „Тоа е многу проблематично во однос на физиологијата и перформансите. Тоа е како да фрлате паричка“.

„Ова е тажно, но е исто за сите“

Селекторите се обидуваат да ги стават нештата во перспектива тврдејќи дека повеќето од нив го имаат истиот проблем, а тоа е ставот и на Дидје Дешам, шефот на францускиот тим.

„Фактот што немаме можност да играме подготвителен натпревар пред натпреварувањето е жално, но тоа ќе биде случај за речиси сите“, истакна тој минатата недела.

„За сите е исто, така што е фер“, изјави селекторот на Шпанија, Луис Енрике.

Актуелниот светски првак Франција, кој Мундијалот го започнува на 22 ноември против Австралија, нема намера да одигра пријателски натпревар, а Германија која ќе влезе во натпреварувањето на 23 ноември планира подготвителен миникамп во Оман од 14 до 18 ноември, со пријателски натпревар против Оманците на 16 ноември.

Аргентина на Лионел Меси смета на генералката против Обединетите Арапски Емирати на 16 ноември, додека Португалија на Кристијано Роналдо ја очекува мечот со Нигерија на 17 ноември.

„Подготовките за Светското првенство се сосема различни од претходните изданија. Имаме помалку време и малите репрезентации можат да го искористат тоа“, резимира Оливер Бирхоф, селектор на германската репрезентација.

Катар ќе има повеќе време да се подготви

Другите селекции, како домаќинот Катар, ќе имаат повеќе од доволно време за подготовка, речиси месец и половина.

„Мое мислење е дека ќе видиме големи изненадувања на Светското првенство. И од репрезентации за кои не очекуваме да бидат во добра форма“, анализира Николас Дион, поранешниот кондиционен селектор на репрезентацијата на Катар на почетокот на 2000-тите. „Одиме во земја со многу неизвесност во однос на влажноста. Како ќе се прилагодат играчите? Малите тимови можат да го искористат тоа“.

Тите, селекторот на Бразил, забележува дека ќе биде принуден да избира само играчи во врвна форма, без разлика на нивниот статус, а Дешам не открива повеќе кога предупредува дека уште незакрепнатиот играч од средниот ред Пол Погба нема да оди на СП доколку не е целосно подготвен.

„Нашиот прв натпревар е само десет дена по пристигнувањето на играчите на собирот. Значи или сте во добра форма или не сте на списокот“, изјави Тите. Има и една позитивна точка - со Мундијалот среде зима нема да има наталожен замор од крајот на сезоната, што е вообичаено за мундијалите.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе