Кејт Мидлтон е примена во болница

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, е во болница по успешната операција на абдоменот, соопшти денеска Кенсингтонската палата.

Портпаролот изјави попладнево: „Нејзиното кралско височество, принцезата од Велс, вчера беше примена на клиника во Лондон за планирана операција на абдоменот“.

„Операцијата беше успешна и се очекува принцезата да остане во болница десет до четиринаесет дена, пред да се врати дома за да продолжи со опоравувањето. Врз основа на сегашните медицински совети, малку е веројатно дека ќе се врати на јавните обврски пред Велигден“, рече тој.

Изјавата беше објавена и на официјалните профили на кралската двојка на социјалните мрежи и понатаму се вели: „Принцезата од Велс го цени интересот што ќе го предизвика оваа изјава. Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да одржи што е можно повеќе нормалност за неа децата, како и нејзината желба нејзините лични медицински податоци да останат приватни“.

„Затоа, Кенсингтонската палата ќе обезбедува ажурирања за напредокот на Нејзиното кралско височество само кога ќе има нови значајни информации за споделување“, се додава.

На крајот, беше забележано дека принцезата од Велс би сакала да им се извини на сите загрижени поради фактот што мора да ги одложи своите претстојни ангажмани и дека со нетрпение очекува да се врати што е можно поскоро.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе