Кениецот Киплагат победи на Скопскиот маратон, Дарио Ивановски го освои 3. место

Виктор Киплагат од Кенија е победник на WizzAir Скопскиот маратон, пред неговиот сонародник Чериот Лабан, додека третопласиран низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.

Киплагат патеката долга 42 километра ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на WizzAir Скопскиот маратон. Зад него заврши неговиот сонародник Чериот Лабан, додека пак третото место му припадна на нашиот Дарио Ивановски.

Ивановски маратонот го истрча со време од 2:19:08 часа, а тоа не беше доволно за да обезбеди норма за ОИ во Париз. Сепак, го урна државниот рекорд кој му припаѓаше на Трпе Мартиновски.

Кај дамите првопласирана беше Рут Матебо, која запиша време од 2:44:17 часа. Од македонските претставнички на четвртото место се најде Билјана Кираџиева која оствари време од 3:15:17 часа.

Во полумаратонот во машка конкуренција подиумот му припадна на Бен Фелтон од Обединетото Кралство, зад него беше Велимир Бојовиќ, додека Леонид Вандевски заврши на третото место.

Кај дамите, победничка во полумаратон беше Поп Арсова со време од 1:21:19 часа.

реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе