Хајди Клум секогаш се маскира во неверојатно реалистични костими за Ноќта на вештерките, па затоа и важи за вистинска кралица на маскирањето.
Вложува многу време, труд и пари за да создаде совршен костим, обраќа внимание на најситниот детаљ. Досега се има маскирано во многу ликови и се има појавено во различни впечатливи костими. Минува дури по 10 часа во шминкање и ставање протетика.
Многумина сметаат дека од година во година нејзините костими стануваат подобри.
На Instagram може да видиме дел од нејзината вечерашна подготовка за Ноќта на вештерките, како и да се потсетиме на нејзините претходни костими.