Халеевата комета достигна афел - по 38 години почна да се враќа кон Сонцето

Најпознатата комета стигна до најоддалечената точка на својата орбита од Сонцето и се упати назад кон центарот на Сончевиот Систем.

По 38 години патување низ длабочините на Сончевиот Систем и далеку од центарот на истиот, Халеевата комета стигна до својот афел и се упати назад кон Сонцето. Моментално се наоѓа далеку зад орбитата на Нептун, а од Земјата со голо око ќе може да се види дури во 2061 година.

Всушност, тоа е единствената комета што може да се набљудува со голо око двапати во животот на човекот, а бидејќи човештвото знае за неа повеќе од 2.000 години, јасно е зошто Халеевата комета е еден од најпознатите објекти во нашиот Сончев Систем.

Со димензии од 15 x 8 км и облик кој потсетува на кикиритка во лушпа, Халеевата комета е вистински џин. Иако набљудувањата на ова тело датираат од пред милениуми, првиот човек кој сфатил дека се работи за комета која се враќа е Едмунд Хали, кој точно предвидел дека човештвото повторно ќе ја види во 1758 година, поради што денес го носи неговото име.

Астрономите веруваат дека Халеевата комета била во својата сегашна, екстремно издолжена орбита околу 16.000 години. За разлика од другите планети, нејзината револуција околу Сонцето се одвива во спротивна насока, односно во насока на стрелките на часовникот. Во споредба со патеката на Земјата околу Сонцето, 1P/Halley, како што е официјално именувано ова небесно тело, се движи во орбита која е наклонета за 18 степени.

За време на револуцијата, перихелот (најблиската точка до Сонцето) на Халеевата комета е „само“ 87,8 милиони километри, што е 20 милиони километри поблиску до нашата ѕвезда отколку орбитата на Венера. Од друга страна, нејзиниот афел се наоѓа на 5,27 милијарди километри од центарот на Сончевиот Систем, далеку зад орбитата на Нептун. За жал, Халеевата комета нема да биде видлива за луѓето на Земјата во скоро време - за тоа ќе треба да почекаме до 2061 година.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе