Во близина на аеродромот Ливермор во американската држава Калифорнија на автопат се случи судир меѓу авион и автомобил.
Пистата на аеродромот се простира паралелно со автопатот на кој се случи инцидентот и се наоѓа на стотина метри од него.
Никој не е повреден во инцидентот, а судирот се случи кога пилотот на малиот авион принудно слета, пренесуваат локалните медиуми.
Според изјава на пилотот, веднаш по полетувањето авионот ја изгубил силата, успеал да се подигне на висина од околу 150 метри и почнал да паѓа. Според пилотот, единствената шанса му било да се обиде да слета на автопатот.
Во текот на слетувањето се судрил со автомобил, но оштетувањата не се големи и никој не е повреден.