Хаос во Истанбул: Турски демонстранти се обидоа да влезат во израелскиот конзулат

Макфакс
/ 18.10.2023 / 13:44

Турските демонстранти се судрија со полицијата во текот на ноќта кога се обидоа да влезат во израелскиот конзулат во Истанбул, јавува Reuters.

Палестинските власти објавија дека вчерашната експлозија била предизвикана од израелски воздушен напад, а Израел ги обвини за експлозијата во болницата „Ал Ахли“ додека тие ја отфрлаат поврзаноста.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го нарече овој инцидент „последниот пример на израелски напади, кои се лишени од најосновните човечки вредности“, а неговата канцеларија за медиуми ги означи израелските тврдења како „дезинформации“.

Во текот на ноќта беа организирани протести во најмалку десетина турски градови, како и пред израелската амбасада во главниот град Анкара, каде што учесниците со палестински знамиња извикуваа слогани за осуда на Израел.

Полицијата употреби солзавец и водни топови за да ги растера илјадниците демонстранти, кои се обидоа да влезат во израелскиот конзулат во Истанбул, најголемиот град во Турција.

Пет лица се приведени, соопшти кабинетот на гувернерот на Истанбул.

URL

Денеска, забележливо е зголемено обезбедувањето околу конзулатот, со стотина полицајци и 10-ина возила со водни топови, распоредени зад низа метални бариери, а се проверува идентитетот на оние што сакаат да поминат, пренесува британската агенција.

Израел ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Турција

Израел ги повика своите граѓани да ја напуштат Турција што е можно поскоро заради нивна лична безбедност, изјавија за AFP од конзулатот на Израел во Истанбул, наведувајќи ги засилените „терористички закани“ за своите граѓани во странство.

Според тој извор, безбедносната тревога за израелските патници во Турција „е подигната на ниво 4, највисоко“.

„Со оглед на постојаното зголемување на терористичките закани против Израел во странство, сите Израелци кои живеат во Турција мора да заминат што е можно поскоро“, предупреди израелскиот Совет за национална безбедност во официјалното соопштение.

Во вторникот вечерта беа организирани протести пред израелскиот конзулат во Истанбул и пред амбасадата во Анкара, откако беше истрелана ракета врз болница во Појасот Газа, при што загинаа стотици цивили, пациенти и палестински раселени лица.

Израел и Палестинците меѓусебно се обвинуваат за ракетниот истрел, кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ѝ го припиша на еврејската држава, осудувајќи го „последниот пример на израелски напади лишени од целото човештво“. Американскиот претседател Џо Бајден, кој го посети Израел, ја поддржа верзијата на израелските власти за настаните, обвинувајќи ги палестинските борци за ракетниот напад.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе