Хаос во МКЦ: Нема кој да продава на шанк, пијачки носете си од дома

Вечерашниот настап на полскиот метал бенд „HATE“ во Младинскиот културен центар во Скопје ќе помине без продажба на пијалаци.

Откако новоназначениот директор на МКЦ, Бени Шаќири, не им ги продолжи договорите на 30-ина хонорарци, МКЦ се соочува со недостаток на кадар. Така, сега не работи бифето, а нема да работат ниту шанковите за издавање/надополнување картички и купување пијачки - бидејќи нема кој да стои од другата страна.

Вечерва од 20 часот во салата „25 Мај“ настап има полскиот метал бенд „HATE“, заедно со домашните „Demency“ и „Gargoyles“.

За жал, посетителите нема да можат да си купат пијачка внатре, па еден од организаторите им порача да си носат од дома за се напијат надвор. А за внатре, веројатно ќе може да внесат некоја пијачка, но ако е во пластична чаша.

Покрај вечерашниот настан, во МКЦ закажани се уште два периодов со карти што веќе се продаваат. Прво в петок, 8 март, концерт ќе одржи белградскиот андерграунд бенд „Artan Lili“, чиј настап скопската публика долго го чека. Имено, концертот требаше да се одржи есента, но беше одложен за март поради, како што тогаш наведе МКЦ, организациско/технички и логистички причини. Нивната забава в петок треба да ја збогатат скопјаните „Zanadu“.

Потоа на 20 март, сабота, 20 години постоење слави треш метал бендот „Hardfaced“ од Охрид, чија прослава со свој настап ќе ја збогатат гостите од Софија „Last Hope“ и скопските „YÖU“.

Тагови
реклама

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе