Норвешкиот напаѓач Ерлинг Браут Холанд наскоро ќе стане сопственик на специјализиран Mercedes-AMG One за кој ќе издвои 3,2 милиони евра.

Интересот на Холанд за брзи, луксузни возила не е тајна, но неговиот нов автомобил ќе биде нешто навистина посебно.
Имено, персонализираниот Mercedes има пет Формула 1 мотори и достигнува неверојатна максимална брзина од 352 км/ч со над 1.000 коњски сили.
Овој суперавтомобил достигнува брзина од 200 км/ч за само 7 секунди, а во светот има само 275 ексклузивни примероци од овој автомобил.

Норвешкиот весник Dagens Næringsliv ја објави веста за новиот автомобил на Холанд, наведувајќи дека тој се здружил со бизнисменот Оле Ертвог, инаку познат норвешки колекционер на автомобили, за да го купи ѕверот од германско производство.
Угледниот весник, норвешкиот еквивалент на Financial Times, наведува дека „автомобилот-чудовиште“ со даноци ќе чини над 3 милиони евра.
Голгетерот на Манчестер Сити претходно поседуваше купе Mercedes-AMG GLE кој чинеше скромни 105.000 евра.
Потоа Холанд купи теренец Rolls Royce Cullinan во вредност од 350.000 евра, а поседува и Audi RS6 Avant и Range Rover Sport во вредност од по 140.000 евра.