За една успешна приказна

ХОПС - 25 години борба за општество во кое сите се еднакви и никој не е оставен на маргините

Оваа година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје одбележува 25 години постоење. Во 1999 година, петмина храбри млади луѓе со визија и идеали се здружија и ја основаа организацијата која во Македонија, но и интернационално, веќе 25 години ги презема чекорите кои никој друг не се решава прв да ги направи.

Пред 25 години, токму кога започнува т.н. „хероинска епидемија“ во Македонија и регионот, во Скопје ХОПС ја воспоставува првата програма за намалување на штети во земјава и регионот, која во почетокот се состои од теренска размена на искористена со стерилна опрема за инјектирање на дроги. Намалувањето на штети подразбира и превенција од ХИВ и други крвно и сексуално преносливи болести, па следствено ХОПС започнува да развива теренска работа со сексуални работници, делејќи кондоми за превенција од сексуално и крвно преносливи болести. Во годините што доаѓаат, следејќи ги потребите на своите корисници, ХОПС започнува да воведува и нови услуги - базичен медицински третман на рани од инјектирање, социјална помош и поддршка, бесплатна правна помош, психолошка и психијатриска помош и поддршка, едукативна работа со деца на корисници и деца во социјален ризик, па се до можности за креативно изразување и развивање на економски активности и социјално претприемништво. 

Денес, по четврт век постоење, ХОПС има воспоставено три активни дневни центри: Дневен центар за намалување на штети од употреба на дроги, Дневен центар за ресоцијализација на жени во социјален ризик со потреба од ресоцијализација и Дневен центар за рехабилитација и реинтеграција на луѓе кои се соочуваат со зависност.

Зад себе има многу победнички судски пресуди за заштита на правата на најмаргинализираните и заедно со партнерите, успешна промена на Кривичниот Законик за декриминализација на личната употреба на дроги.

Благодарение на работата на ХОПС во Македонија бројот на заболени од ХИВ меѓу најризичните категории е сведен на минумиум - има само 1 нов случај во 15 години!

ХОПС е релевантен член на локални, регионални и меѓународни коалиции и мрежи за унапредување на еднаквоста и правата нанајмаргинализираните. работи за луѓето кои употребуваат дроги.

„Но, бидејќи сè уште не можеме да кажеме дека сме општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и во кое сите уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба, нашата борба продолжува и во следниот период. Заедно со нашите членови, корисници на услуги, партнери и поддржувачи, зајакнати со млади луѓе со визија и желба за промени, продолжуваме да креираме вакво отворено општество во кое на крај никој нема да биде оставен на маргините! На крај искажуваме искрена благодарност за секоја досегашна, но и идна помош и поддршка од волонтирање до донации со која се помага во остварување на оваа визија!“, велат од тимот на ХОПС.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе