Хормонот на стрес ги продолжува симптомите на ковид, покажа студија

Истражувачи од Јејл открија дека луѓето кои долго боледувале од ковид имаат пониско ниво на кортизол во крвта.

Хормонот на стрес, кортизол, може да биде причината поради која некои луѓе страдаат од долготраен ковид и со месеци ги чувствуваат симптомите откако ќе прележат COVID-19. Истражувачи од Јејл открија дека луѓето кои боледуваат од долг ковид генерираат двојно помалку кортизол за разлика од нивните здрави врсници.

Иако точната поврзаност меѓу кортизол и долг ковид не е пронајдена, истражувачите имаат нови хипотези за тоа што е причината поради која некој со месеци ги чувствува симптомите, додека други брзо закрепнуваат од вирусот и тоа без долготрајни компликации.

Според студија објавена во The Lancet, секој осми пациент кој прележал COVID-19 чувствува долготрајни последици од болеста.

Кортизолот е главен хормон на стрес во телото. Се активира во надбубрежните жлезди и се шири низ целото тело. Во претходните истражувања, ниското ниво на кортизол е поврзано со синдромот на хроничен умор, а токму чувството на умор е еден од најистакнатите симптоми на долготраен ковид.

Истражувачите од Јејл забележале дека некои пациенти со ковид се чувствуваат подобро по третман со зголемување на нивото на кортизол. Велат дека ќе продолжат со истражувањата за да се открие механизмот кој ја предизвиквуа оваа состојба, како и третманот на истата.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе