Хороскопски знаци кои важат за исклучително страсни во врската

Љубовта произлегува од страст, а многумина сметаат дека страста доаѓа од умот и дека тој всушност врши најсилно влијание во нашите животи.

Без оглед како вие гледате на љубовта или како ја дефинирате, во хороскопот овие четири знаци се издвојуваат како исклучително страсни.

Скорпија

Скорпиите важат за најпривлечни, но и исклучително страсни знаци во зодијакот. Овој таинствен знак своите најскриени тајни ги открива само на најблиските и  најмилите за нив луѓе. Кога ќе влезете во љубовна врска со Скорпија бидете сигурни дека може да ја издржите нивната енергија.

Поради нивната топлина ќе помислите дека се огнен знак, но всушност се воден. Но, тоа и не е толку големо изненадување, бидејќи со Скорпија или ќе потонете или ќе пливате.

Риби

Рибите важат за најсрамежливи, сакаат да знаат дека се сакани, обожавани, посакувани. Сонуваат за љубов наместо да ви ја покажат. Страсни се во нивните чувства и често страста ја насочуваат кон творештво, можат чувствата да ги изразат на опиплив начин.

Сакаат длабоко, но многу од нив не се уверени дека вреди да бидат сакани.

Лав

Страсни се во нивните односи и со нивните идеи. Мора да имаат се најдобро, дури и најдобар партнер. Ќе го свртат светот само за да се чувствувате важно, само за да бидете со нив.

Сакаат со страст и ентузијазам, оставајќи ве во постојана потреба и копнеж за поголема доза. Топли се и верни, но можат да станат подоминантни и да бараат повеќе кога станува збор за нивните потреби. Ако сте вљубени во Лав, тоа ве става во покорна положба во секој момент.

Повеќето Лавови се и големи авантуристи. Доколку сакате да го задржите Лавот покрај себе, овозможете му да биде лидер и нема да се разочарате.

Вага

Вистински дипломати се, сакаат хармонија. Сакаат да даваат, но истото го очекуваат и од другите. Во љубовта се страсни, но не бараат на агресивен начин, ниту се наметнуваат.  Ако сакате да имате мирен однос полн со љубов, но не претерано експресивен, Вагата е совршениот знак за вас.

реклама

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Љубов и секс

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Read more

Знаци дека на вашата врска ѝ се ближи крајот

Read more

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Read more
 

Магазин

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Читај повеќе

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Читај повеќе
  • filter

Свадби, матурски, апсолвентски: Како да бидете маж со стил оваа пролет?

Читај повеќе

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Читај повеќе

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Читај повеќе

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Читај повеќе

Следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Читај повеќе
  • play_arrow

Гурмански рецепт: Говедско филе со бибер сос и компири

Читај повеќе

Светската винска мапа се менува: Нови сорти ќе доаѓаат од неочекувани региони

Читај повеќе