Храна богата со антиоксиданси што мора да ја вклучите во исхраната

Антиоксидансите се супстанции кои го штитат телото од слободните кислородни радикали кои можат да ги оштетат клетките. Затоа, во исхраната треба да вклучите што повеќе храна богата со антиоксиданси.

Често слушаме дека антиоксидансите се чудотворни и лековити материи кои лекуваат секаква болест, но самиот збор означува цела група различни соединенија. Најмногу се работи за витамини и некои минерали.

Тие се супстанции кои помагаат да се „исчистат“ молекулите кои ги оштетуваат клетките во вашето тело, наречени и слободни радикали, и ги има во многу форми.

Во продолжение ви откриваме која храна е богата со антиоксиданси.

Домати

Доматите се полни со ликопен, кој е еден вид од групата антиоксиданси наречени каротеноиди. Ќе го внесете во вашиот организам со јадење сирови домати. Можете исто така да го зголемите внесот ако ги готвите во сос или јадете со малку масло.

Темно чоколадо

Љубители на чоколадо, радувајте се. Вашиот омилен десерт содржи антиоксиданси. Клучот е да јадете чоколадо со висока содржина на какао. Изберете темни сорти наместо млечно или бело чоколадо. Сепак, уживајте во умерени количини.

Ореви

Во споредба со повеќето други јаткасти плодови, оревите имаат најмногу полифеноли, еден вид антиоксиданс. Треба да изедете само 7 ореви за да ги искористите здравствените придобивки.

Црвена пиперка

Сите пиперки се добри извори на антиоксиданси, но црвената пиперка е на прво место. Тие се полни со каротеноиди кои можат да помогнат во спречување на одредени видови на рак. Пиперките најдобро ги даваат своите антиоксиданси кога се јадат сирови.

Џигер

Пилешкиот џигер (црн дроб) или џигерот од други животни е богат со витамин А, моќен антиоксиданс кој помага за здравјето на коските и ја зајакнува одбраната на вашето тело од болести. Ако вкусот на џигерот е премногу силен за вас, натопете го во млеко пред да готвите.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Здравје

Откриен е нов несакан ефект од антибеби пилулите

Read more

Што треба да пиете за здравјето на цревата и црниот дроб?

Read more

Која храна е на „црна листа“, а всушност е здрава?

Read more

Кои ви се шансите да се откажете од пушење?

Read more
 

Магазин

Нови правила за туристите во Египет за лето 2025

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Читај повеќе

Откриен е нов несакан ефект од антибеби пилулите

Читај повеќе

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Читај повеќе

Што треба да пиете за здравјето на цревата и црниот дроб?

Читај повеќе

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Читај повеќе

Како старите фармерки повторно да изгледаат како нови?

Читај повеќе

Намирници што го забавуваат стареењето и го подобруваат здравјето на кожата

Читај повеќе

Која храна е на „црна листа“, а всушност е здрава?

Читај повеќе