Храна богата со магнезиум што ќе се вклопи во сечие мени

Магнезиумот е минерал неопходен за здрави мускули, нерви, коски и нивото на шеќер во крвта.

Малку луѓе имаат потреба од суплементи со магнезиум, бидејќи вистинскиот недостаток на магнезиум е редок, особено кај здрави возрасни лица. Повеќето луѓе добиваат доволно од храната.

Магнезиумот го подобрува квалитетот на сонот, го зајакнува менталното здравје, ја ублажува мигрената и го одржува срцето здраво. Го има во многу намирници.

Некои од намирниците со најголемо количество магнезиум по порција се јаткастите плодови, семките, лиснатиот зеленчук и целите зрна, а ние издвојуваме 16 кои лесно ќе се вклопат во сечие мени:

бадеми

кикирики

наут

семки од тиква

варен спанаќ

киноа

кафеав ориз

тофу

чиа семе

темно чоколадо

млеко од соја

авокадо

путер од кикирики

банана

блитва

интегрален леб.

Симптоми на недостаток на магнезиум

Иако недостатокот на магнезиум е редок, неговите симптоми често укажуваат на основна медицинска состојба, како што се нерамнотежа на тироидната жлезда, гастроинтестинални заболувања, панкреатитис, бубрежна болест и дијабетес.

Симптомите на недостаток на магнезиум вклучуваат анксиозност, несоница, синдром на немирни нозе, раздразливост, гадење или повраќање, низок крвен притисок, грчеви во мускулите и конфузија.

Колку магнезиум ни треба на ден?

Возраста и полот играат улога во тоа колку магнезиум треба да внесуваме на ден. Повеќето луѓе добиваат здрава количина на магнезиум преку нивната исхрана. Клиниката Мајо ги препорачува следните дневни дози на магнезиум.

Возрасни мажи и тинејџери: 270 до 400 милиграми

Возрасни жени и тинејџерки: 280 до 300 милиграми

Бремени жени: 320 милиграми

Доилки: 340 до 355 милиграми

Деца од 7 до 10 години: 170 милиграми

Деца од 4 до 6 години: 120 милиграми

Деца од 3 години и помлади: 40 до 80 милиграми

Ако се сомневате дека имате недостаток на магнезиум, консултирајте се со вашиот лекар.

 

Тагови
реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе