Ако веќе сте ја зголемиле телесната тежина поради намаленото темпо на движење поради ситуацијата со коронавирусот, сигурно се прашувате колку килограми ќе накачите во текот на зимата, кога движењето ќе биде уште поограничено.

Оние кои во текот на зимата обично добиваат вишок килограми решение може да побараат во консумирање на одредена храна.
Меѓу намирниците кои помагаат при слабеење во текот на зимата е морковот кој содржи малку калории, а е богат со влакна.
Потоа, следни на листата се јаткастите плодови и семињата, како одлична ужина.
Не го заборавајте медот кој ги активира хормоните што го потиснуваат апетитот и помагаат во слабеење.
Медот оди во комбинација со циметот, кој пак го забрзува метаболизмот и помага при слабеење.
Јајцата содржат малку калории и долго ќе ве држат сити, богати се со витамини и минерали и може да ги приготвите на најразлични начини.
Цвеклото е исто така на листава, знаевте ли дека во 100 грама цвекло има околу 43 калории, 10 грама јаглехидрати и 0,2 грама масти? Познато е по тоа што се користи во процесот на слабеење.