УЕФА ЕУРО 2020

Хрватите го открија виновникот за усташката шаховница

Хрватската фудбалска репрезентација на четирите натпревари од ЕУРО 2020 играше во дресови на кои стоеше знаме со погрешен грб, а санкции за тоа ќе сноси економот на ХНС. Дополнително, фирмата која ги принта дресовите ќе добие раскин на договорот.

На државното знаме на Хрватска првото поле од шаховницата е црвено, додека „Ватрените“ на ЕУРО имаа шаховница со бело поле на почетокот, грб кој е симбол на усташката Независна Држава Хрватска за време на Втората светска војна.

Првично објаснување за грешката изнесе портпаролот на ХНС, Томислав Пачак:

„Печатењето на спортската опрема на хрватската репрезентација го прави компанијата Sitotisak Decolor, вклучувајќи ги и знамињата на земјите за одредени натпревари. За жал, имаше ненамерна грешка при рачното векторско цртање, а потоа и при печатењето на хрватското знаме за Европско првенство, што не беше забележано“.

Но, денеска дојде до поинаков епилог откако од ХНС за Index открија дека последиците ќе ги сноси економот Денис Луканчиќ, задолжен за грижата на дресовите.

„Да, тој сигурно ќе биде санкциониран, но сѐ уште не сме одлучиле што и како“, велат од ХНС.

Воедно, се вели дека во иднина друга фирма ќе биде ангажаирана за принтање на хрватските дресови. Причините за тоа не се само дресовите на ЕУРО, туку актуелната фирма добро ги згрешила и дресовите наменети за пријателскиот натпревар со Турција. Тогаш, на хрватските дресови наместо знамето на Турција било ставено знамето на Тунис, кое се слични. Среќа, луѓето од ХНС навреме ја вочиле грешката и пред натпреварот ги повлекле дресовите.

Знамињата на Тунис (лево) и Турција (десно)

„Како и во случајот со грбот на хрватското знаме, графиката и принтањето на знамињата на дресовите за натпреварот со Турција го изработи фирмата Sitotisak Decolor. Луѓе од ХНС тогаш навремено го приметија погрешното знаме на Турција, па пред натпреварот знамињата беа исфрлени од дресовите. ХНС тогаш го предупреди партнерот за таа важна грешка, иако, во духот на добрата соработка која трае од првиот натпревар на репрезентацијата, не беше донесена одлука за прекин на соработката. После новата кардинална грешка, иако ненамерна, грешката со хрватскиот грб на државното знаме за ХНС значи крај на соработката со фирмата Sitotisak Decolor. Воедно, воведени се дополнителни внатрешни контролни механизми за вакви слични грешки во иднина да не се случуваат“, соопштуваат од ХНС.

Пракса на ЕУРО е на дресовите на секоја репрезентација за секој натпревар да стојат градот, датумот и знамињата или имињата на двете репрезентации кои го играат натпреварот.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе