Хрватите и Србите му се налутија на Ристовски: На Светско ќе навивам за Португалија

Македонскиот капитен Стефан Ристовски предизвика бура реакции во земјата каде настапува на клупски план, но и во соседна Србија, со изјава дека на Мундијалот во Катар ќе навива за репрезентацијата од која синоќа загуби.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација со грешно додавање им поклони контра на Португалците по која во 32. минута поведоа со 1:0. На крајот Португалија славеше со 2:0 во финалниот бараж и отпатува на Мундијалот.

По натпреварот Ристовски пред португалската јавност изјави дека на Светското првенство ќе навива токму за нив.

„Се разбира дека на Светското првенство ќе навивам за Португалија. Па јас по малку и се чувствувам Португалец. Мојот син е тука роден, имам португалски пасош и би сакал да видам како Португалија го крева мундијалскиот пехар“, кажа Ристовски.

Таквата изјави, која всушност е сосема нормална бидејќи Ристовски настапуваше во Спортинг од Лисабон од август 2017 до јануари 2021 (всушност последните месеци беше во конфликт со клубот и не играше), предизвика лавина реакции кај хрватските навивачи, особено оние на загрепски Динамо чии бои Стефан ги брани по заминувањето од Португалија. Ним им се придружија и српски навивачи кои очекуваат поддршка од Македонија на Мундијалот откако тие навиваа за Македонија и против Италија и Португалија.

Некои од коментарите по социјалните мрежи се:

„Синоќа играше за Португалија, не е проблем утре за нив да навиваш“.

„Човекот со прекрасна асистенција ги прати Португалците на Светско за да има за кој да навива, браво кралу“.

„А некој велеше дека сме браќа“.

„И тие за тебе. Можеби и ќе те викнат да им додаваш топки од страна за да вежбаат“.

„Па Ристовски асистираше за првиот гол на Португалија, нормално дека ќе навива за нив“.

„Онаков пас не му имаше дадено на Бруну додека играа заедно во Спортинг“.

„Ќе навива за тимот што го исфрли. Зошто? За ако Португалците освојат да има алиби, ете испаднавме од светските шампиони, не можевме повеќе од тоа“.

„Како одигра за Португалците, па може и да навива за Португалија. Уште и капитен“.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе