ФИФА Светско првенство Катар 2022

Хрватска против Канада ќе игра на еден од најстарите стадиони во Катар

Канада цели 36 години чекаше Светско првенство во фудбал, а за да го избори мораше да одигра 20 натпревари.

Репрезентацијата на Канада втор пат настапува на светско и уште ги чека првиот гол и првиот бод. Канаѓаните досега имаат настапено само на едно СП и тоа во 1986 година во Мексико, кога доживеаја три порази.

Изгубија од Франција (0:1), Унгарија (0:2) и Советскиот Сојуз (0:2).

Новиот настап го чекаа дури 36 години. СП во Катар изборија освојувајќи прво место пред Мексико и САД. Турнирот го отворија со нов пораз, овој пат од Белгија со 0:1. 

Во четири средби на светски првенства запишаа четири порази. Подготовките за Катар ги започнаа со штрајк, не сакаа да тренираат ниту да настапат додека не се реши спорот со фудбалскиот сојуз околу паричен надомест.

Сега на ред е да играат со Хрватска.

По болниот пораз од Белгија со 0:1, селекторот на Канада, Џон Хердман даде глупава изјава која го шокира светот.

„Им реков на играчите дека ние припаѓаме тука и дека ќе одиме да ги еб*ме Хрватите. Едноставно е“.

Потоа Хердман се обиде со комплименти да се извади за претходната изјава.

„Три години патував за Хрватска за да го гледам мојот син како игра фудбал. Во Хрватска оваа игра е сосема поинаква димензија, а јас научив многу од нив. Имаат толку страст енергија и фудбалско знаење. Мојата претходна изјава? Мислам дека медиумите намерно истакнаа дел од неа и од тоа направија приказна. Кога исопругата ќе ви прати порака дека е загрижена, тогаш знаете дека нешто не е в ред, сè е пренапумпано“, рече Хердман.

Хрватската репрезентација ќе игра против Канада на стадионот „Калифа“, единствениот од осумте стадиони што не е изграден специјално за СП во Катар. Стадионот е изграден во 1976 година и со години бил најголемиот стадион во Катар. Има капацитет за 48.000 гледачи. Реновиран е од корен во изминатиот период за што организаторите на мундијалот вложија десетици милиони долари. Притоа го одржаа и даденото ветување за комплетна климатизација на импресивното здание.

Вкупниот трошок се проценува на 122 милиона долари. 

Најголема ѕвезда им е Алфонсо Дејвис

Во првата средба против Белгија играа одлично, но искусната Белгија искористи момент да даде гол и освои 3 года. Канаѓаните на потежок начин се изборија за СП. Поради лошиот ранг, мораа да минат три рунди квалификации. Патот на СП го отворија против Бермуди, а на патот до Доха мораа да одиграат 20 натпревари. На крајот беа пред Мексико и САД.

Најголема ѕвезда на националниот тим е Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.

Тагови
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе