Килијан Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ

Пари Сен-Жермен сака да го продолжи договорот со младиот Килијан Мбапе што ќе истече во 2022 година, но напаѓачот не е подготвен да потпише нов во моментов, објави угледниот весник Marca.

Французинот е желба на сите големи клубови во Европа, а многумина предвидуваат дека има потенцијал да стане најдобар фудбалер на светот во иднина.

Каде ќе ја продолжи кариерата многу ќе влијае во реализирањето на овие предвидувања, односно дали ќе биде максимално искористен неговиот неоспорен талент.

Многумина би сакале да го видат Мбапе во редовите на Реал Мадрид, но ПСЖ следното лето нема да преговара со ниту еден клуб за можен трансфер на 20-годишниот Французин, без разлика дали тој не сака да потпише нов договор, вели спортскиот директор на клубот, Леонардо.

Загриженоста во Париз расте поради негодувањата на Мбапе на изминатите два натпревара, откако Томас Тухел го изваде од игра.

Одличниот напаѓач не беше среќен бидејќи беше сменет на средбите со Нант и Монпелје и целосно го игнорираше Германецот кога излегуваше од терен.

Мбапе сака да ја освои Лигата на шампиони, но и престижната награда Златна топка, па ако ПСЖ не би можел да му помогне во остварувањето на неговите амбиции, сигурно ќе порасне неговото незадоволство од клубот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе