Ким Џонг Ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави за време на неговиот престој на воениот универзитет именуван по неговиот татко дека поради нестабилната геополитичка ситуација околу земјата, време е таа да биде подготвена за војна повеќе од кога било досега, соопшти државната новинска агенција KCNA.

Во последниве години, под Ким Џонг Ун, Северна Кореја го зголеми своето ниво на вооружување и воспостави блиски воени и политички врски со Русија. Наводно и помага на најголемата земја во светот во војната против Украина, а за возврат добива помош од Русија во стратешки воени проекти.

„Ако непријателот одлучи да се вклучи во воен конфликт со Северна Кореја, нема да се двоуми да и зададе смртен удар со сите средства“, ја цитираше KCNA изјавата на Ким Џонг-ун во разговор со студенти и професори на Воениот универзитет „Ким Џонг Ил“.

„Нагласувајќи ја сложената меѓународна ситуација, имено неизвесната и нестабилна воена и политичка ситуација околу Северна Кореја, Ким Џонг Ун рече дека сега е време земјата да биде целосно подготвена за војна, повеќе од кога било досега“, пренесува државната агенција.

Претходно овој месец, севернокорејскиот лидер го надгледуваше пробното лансирање на нова хиперсонична балистичка ракета со среден дострел со цврсто гориво.

Северна Кореја ја обвини соседна Јужна Кореја, како и Соединетите Американски Држави, за провоцирање и подигање на воени тензии, имајќи предвид дека двете земји во последните месеци спроведоа неколку заеднички воени вежби со висок интензитет.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе