Кина и Русија ставија вето за дополнителни санкции кон Северна Кореја

Вчера Кина и Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации ставија вето на воведувањето дополнителни санкции за Северна Кореја, откако таа земја лансираше балистички ракети при посетата на американскиот претседател на Јапонија.

Кина и Русија ставија вето на предлогот на САД за воведување дополнителни санкции на ОН за Северна Кореја поради лансирањето на балистички ракети, што јавно го подели Советот за безбедност на ОН за прв пат откако почнаа да се воведуваат санкции врз Пјонгјанг во 2006 година.

Останатите 13 членки на Советот гласаа за резолуцијата подготвена од САД со која се предлага забрана за извоз на тутун и нафта во Северна Кореја. Предлогот за резолуција, исто така, ќе ја стави на црна листа на хакерската група Лазарус, која е поврзана со Северна Кореја.

Гласањето дојде еден ден откако Северна Кореја истрела три проектили, вклучително и една за која се верува дека е нејзината најголема интерконтинентална балистичка ракета, по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Јапонија. Тоа беше последното во серијата лансирања на балистички ракети оваа година, забранети од Советот за безбедност.

URL

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд го опиша гласањето како разочарувачко.

„Светот се соочува со јасна и постоечка закана од Северна Кореја. Тишината и недостатокот на реакции на Советот за безбедност не ги елиминираа ниту ги намалија овие закани. Напротив, Северна Кореја е охрабрена“, рече Гринфилд.

Во изминатите 16 години, Советот за безбедност едногласно усвои санкции за Пјонгјанг во обид да го спречи финансирањето за развој на нуклеарно оружје и балистички ракети. Најстроги санкции беа воведени во 2017 година. Оттогаш Кина и Русија бараат ублажување на санкциите од хуманитарни причини.

Кинеските власти во неколку наврати побараа САД и Северна Кореја да продолжат со преговорите што тие земји ги започнаа во 2019 година.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе