Kина ќе му дозволи на СЗО истрага, но по завршувањето на пандемијата

Кина соопшти дека по „завршувањето на пандемијата“ ќе го поддржи создавањето комисија под агенда на Светската здравствена организација (СЗО) која ќе има за цел да даде оценка на „светскиот одговор” на коронавирусот, пренесоа светските агенции.

Пекинг излезе со ваквата реакција по притисокот од Западот, посебно од САД и Австралија, со  инсистирање да се истражи појавата на вирусот во Кина на крајот на минатата година.

-Оценката треба да се даде отворено, транспарентно и инклузивно, во погоден момент по завршувањето на епидемијата, изјави пред новинарите Хуа Чунџин, портпаролката на кинеското Министерство за надворшени работи.

Таа подвлече дека овој чекор треба да се одобри од Светската здравствена органзиација или од Извршниот совет на СЗО, двата главни органа на меѓународната организација, со седиште во Женева.

Чунџин посебно напомена дека не станува збор за истрага насочена против Кина, туку за оценка која евентуално ќе ги опфати сите земји во светот.

Повеќе држави, меѓу кои Франција, Германија и Велика Британија, во последните неколку недели ги повикаа кинеските власти да ја обезбедат транспарентноста на своите постапки во врска со коронавирусот. Други земји, пак, како САД и Австралија, отидоа уште подалеку, па побараа меѓународна истрага за Кина, која ќе треба да ги утврди причините за пандемијата, забележаа француските медиуми.

Пекинг ги отфрли овие иницијативи и го искритикува политизирањето на кризата. Кина демантира дека  криела информации на почетокот на пандемијата и соопшти дека со СЗО и другите земји најбрзо можно ги споделила податоците со кои располагала.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе