Роботски риби кои „јадат“ микропластика еден ден би можеле да помогнат во чистењето на загадените океани во светот, тврди тим кинески научници од Универзитетот Сечуан во југозападна Кина.
Тие развија роботи долги 1,3 сантиметри кои веќе успешно ја отстрануваат микропластиката во плитки води.
Целта на кинеските научници е да овозможат собирање на микропластика во подлабоки води и да обезбедат информации за анализа во реално време на морското загадување, изјави Ванг Јујан, член на тимот што го разви роботот.
Црната роботска риба е мека на допир, а научниците можат да ја контролираат со светлина за да избегнат удирање во други риби или бродови.
Ако случајно ја изедат други риби, може да се вари без штета бидејќи е направен од полиуретан, кој е биокомпатибилен, рече Ванг.
Рибата е способна да апсорбира штетни материи дури и кога е оштетена.
Може да плива со брзина од 2,76 должини на телото во секунда, што е побрзо од повеќето роботи.
„Ние главно работиме на собирање микропластика, но роботот може да се користи на многу начини“, рече Ванг.