ФИНАЛИСИМА 2022

Кјелини најави репрезентативна пензија: Ариведерчи против Аргентина на Вембли

Дојде крајот на уште една фудбалска икона, барем на репрезентативен план. Дефанзивецот Џорџо Кјелини објави дека ќе се збогува од аѕурниот дрес, а го објави и начинот на кој тоа ќе го направи.

На 1 јуни Италија како европски шампион ќе се пресмета со актуелниот шампион на Јужна Америка, репрезентацијата на Аргентина, во натпревар организиран од УЕФА и КОНМЕБОЛ, а со амин од ФИФА, и наречен Финалисима. Овој дуел е едноставно замена за укинатиот Куп на Конфедерации каде учествуваа сите актуелни континентални шампиони. Ќе се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Кјелини, кој во август ќе наполни 38 години, откри дека репрезентативните копачки ќе ги закачи токму заклучно со оваа голема пресметка. Ќе го одигра 117-тиот натпревар во аѕурниот дрес и ќе каже збогум. Неговиот план беше тоа да се случи по Мундијалот во Катар, но Македонија го натера да го промени планот и порано да каже ариведерчи.

URL

„Нормално е на 38 години да се прекине и да се сфати како стојат работите. Доколку сум здрав ќе играм и ќе се поздравиме со репрезентацијата на 'Вембли', каде го достигнав врвот на мојата кариера. Ќе биде најдобро нешто да се збогувам од репрезентацијата со еден празничен натпревар како тој со Аргентина: во репрезентацијата дефинитивно ќе ми биде последен. Треба да им се остави простор на помладите кои се одлични“, рече тој говорејќи за Dazn.

Џорџо го носи синиот дрес уште од 2000 година кога почна од У15 репрезентацијата, а потоа ги мина сите возрасни категории пред да се зацементира како незаменлив бедем пред голот на Џиџи Буфон, со кого соработуваше со години.

Со Италија освои една титула и тоа летоска кога го освои ЕУРО 2020, токму на „Вембли“. Има и второ место од ЕУРО 2012, како и трето на Купот на конфедерации во 2013 и Лигата на нации 2020/21.

На клупски план најави дека ќе размисли што ќе прави откако ќе заврши сезоната, но најверојатно ќе го напушти Јувентус и ќе замине во САД да одогра уште малку.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе