Кјелини одлучи: Ја завршува кариерата, сака да биде тренер на Јуве

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини, актуелниот првотимец на Лос Анџелес, одлучил да стави крај на професионалната кариера, пренесуваат бројни светски медиуми.

Според овие информации, 39-годишниот поранешен италијански репрезентативец оваа одлука ќе ѝ ја соопшти на јавноста во текот на денот, но неговата цел е да остане во фудбалот и по повлекувањето од играњето.

Како што изјавуваше во неколку наврати досега, целта му е целосно да се посвети на работата во Јувентус, без разлика дали како тренер или како функционер, тоа воопшто не е важно, а некои медиуми во Италија пишуваат дека оваа желба може да се оствари многу брзо.

Кјелини одигра повеќе од 500 официјални натпревари за клубот од Торино и освои 20 трофеи со „Бјанконерите“, а од италијанската репрезентација се прости со титулата европски првак на ЕУРО 2020 во 2021 година, кога Англија беше поразена во финалето на „Вембли“ по изведување на пенали.

URL

Италијанецот родум од Ливорно минатиот викенд го одигра последниот официјален натпревар кога во МЛС финалето во Лос Анџелес загуби од Колумбус Кру со 1:2 и на тој начин ја пропушти можноста во својата колекција трофеи да го додаде и оној наменет за најдобриот тим во МЛС.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе