„Клинци“ со „Култура Бета“ по вторпат во Europe House Skopje

Овој петок, 1 март 2024 година, неформалната организација за афирмација на младинската култура, по вторпат го организира настанот за млади „Клинци“ каде што ќе се претстават четворица млади автори и ќе биде поставена изложба на младиот уметник Бојан Звездаковски.

На настанот, што ќе почне во 20 часот, ќе учествуваат младите автори Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Дамјан Златановски и Софија Тодороска. Тие ќе се претстават со своја поезија и проза, а публиката ќе може да ја погледне и изложбата на младиот уметник Бојан Звездаковски.

Бојан Звездаковски е уметник и визуелен наратор кој го идентификува неговиот уметнички стил како „мрачен надреализам“, во текот на неговото уметничко патешествие има експериментирано со повеќе медиуми и техники, како фотографија, колаж, графички дизајн, моден дизајн, сликање и дигитално цртање  кои денес сите заедно ги комбинира во делата што го креира. Бојан има учествувано на повеќе интернационални настани со изложби на негови дела меѓу кои Art Basel Miami и NFT – New York City, како и неколку домашни настани во Скопје и Битола.

„Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат ‘Порано младите беа подобри…’ Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица млади автори кои штотуку влегуваат на книжевната сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба“ истакнуваат од Култура Бета.

Настанот „Клинци“ има за цел да даде фокус на младите книжевници и ликовни уметници и да отвори можност тие пошироко да се претстават пред публиката со своето творештво.

Настанот е во организација на „Култура Бета“, организирано со поддршка од Europe House, а модератор на настанот ќе биде младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе