Клоп за поразот од Лестер: Тоа беше многу чуден натпревар

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот од Лестер (0:1) во 20. коло од Премиер лигата, призна дека противникот го заслужил овој резултат.

Германецот се надева дека неговите избраници ќе извлечат поука од овој меч.

– Тоа беше дефинитивно заслужена победа за Лестер. Многу чуден натпревар. Не бевме доволно добри, иако имавме доволно шанси. Можеби недостасуваше малку среќа. Поразот е пораз. Мора да учиме од ваквите натпревари и ќе го направиме тоа. Првото нешто што треба да направите е никогаш повеќе да не го повторите овој натпревар. Го загубивме ритамот и не бевме доволно мирни да го вратиме. Ние сме виновни за тоа, истакна Клоп за BBC.

По 19 кола Ливерпул е втор на табелата во Премиер лигата со 41 освоен бод, шест помалку од лидерот Манчестер Сити.

Лестер со 25 бода од 18 натпревари се наоѓа на 9 место. 

Тагови
реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе