Книгата на Сноуден оди како алва, САД гневни, го тужат

Во текот на вчерашниот ден Едвард Сноуден ја пушти во продажба својата книга „Permanent Record“ која е всушност мемоари за неговата работа во НСА. Властите во САД се гневни на тоа, поднесоа тужба и бараат сите приходи од продажбата да одат кај нив.

Сноуден во целиот свет е херој, но во САД и натаму го бараат за да му судат поради издавање државни тајни. Тој во 2013 објавувајќи тајни документи го откри масовното американско прислушување на комуникации во целиот свет, а потоа мораше да бара азил во Русија, каде живее и денес.

Од Министерството за правда на САД соопштија дека веќе е покрената тужба против Сноуден бидејќи ја објавил книгата без претходно да ја достави на преглед, со што ги прекршил договорите потпишани со Националната агенција за безбедност (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Тужбата покрај за Сноуден е покрената и за издавачките куќи Macmillan Inc. и Holtzbrinck како соучесници.

Книгата од вчера им е достапна на читателите во дваесетина земји во светот. Како што и се очекуваше, интересот е голем, книгата веднаш почна брзо да се продава.

Целосната тужба можете да ја преземете кликнувајќи тука.

реклама

Бизнис

Wizz Air ќе лета од Скопје за Салцбург од 3 јули

Read more

Easy Jet ќе отпушти околу 4.500 работници поради пандемијата со COVID-19

Read more

Како дел од меѓународната програма за поддршка, NIVEA обезбедува донации на националните организации во Македонија

Read more

Boeing ќе отпушти 12.000 работници во САД

Read more

Вести

Идната недела треба да почне издавањето на картичките „Купувам домашно“

Читај повеќе

Стоби очекува олабавување на мерките за да го отвори археолошкиот локалитет и да ги реализира проектите

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Не може да бидеш број 1 на Земјата ако си број 2 во вселената

Читај повеќе

Мухамед Зеќири позитивен на COVID-19

Читај повеќе

Состојбата се влошува: денеска дури 62 новозаразени

Читај повеќе
  • play_arrow

Се чека одговор од Комисијата за заразни болести – дали угостителите ќе бидат ослободени од обврската да ги легитимираат гостите

Читај повеќе

Папата ги повика светските лидери да даваат пари за истражување, а не за оружје

Читај повеќе

Стотици Африканци заразени со коронавирусот избегале од карантин

Читај повеќе

Македонец од Белгија раскажува: Пред да се заразам мислев COVID-19 е само обичен грип

Читај повеќе