Книжарница казнета за неозначување детска книга за ЛГБТК семејство

Книжарница во Унгарија е казнета со околу 700 евра, бидејќи книга за деца во која се зборува за хомосексуално семејство не била соодветно обележана како „книга што не го претставува нормалното семејство“.

Книгата на Лоренс Шимел и Елина Браслин требало да има посебна ознака дека „не го претставува нормалното семејство“, изјави началникот на владината канцеларија на округот Пест, Рихард Тарнаи, за провладиниот телевизиски канал Hir.

Во книгата „Early One Morning“ се зборува за ЛГБТК семејството и е објавена од невладината организација Фондација за семејства на виножитото.

Унгарскиот државен службеник објасни дека книжарницата го прекршила Законот за забрана за нефер трговски практики и продажното место ќе биде казнето со 250.000 форинти (околу 700 евра).

„Таа книга ја ставиле меѓу книгите со бајки и со тоа го прекршија законот“, вели Тарнаи.

„Презентацијата на книгата не укажува дека приказната содржи обрасци на однесување кои се разликуваат од традиционалните родови улоги“, додаде тој.

Издавачот на книгата вчера изјави дека „секое семејство заслужува да има бајка што се однесува на него“.

„Семејствата на виножитото се сосема нормални. Сексуалноста на родителите не е тема на книгата“, додаде истиот извор.

Законот, кој беше критикуван и дома и во странство, треба да стапи на сила во Унгарија денеска и се смета за дискриминаторски за ЛГБТК луѓето.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера ја предупреди Унгарија дека мора да го укине законот со кој им се забранува на училиштата да користат материјали што се сметаат за промовирање на хомосексуалноста или да се соочат со законите на ЕУ.

Законот, воведен од унгарскиот премиер Виктор Орбан, беше остро критикуван од лидерите на Европската Унија на самитот минатиот месец, а холандскиот премиер Марк Руте ѝ рече на Будимпешта да ги почитува европските вредности или да ја напушти Унијата.

Орбан, кој е премиер на Унгарија од 2010 година и ги чека изборите следната година, стана уште поконзервативен и поборбен во промовирањето на, како што рече, „традиционалните католички вредности под притисок на либералниот Запад“.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Read more

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе